Клатенбург ке го суди финалето од Лигата на шампионите
Англискиот арбитар Марк Клатенбург ќе го суди финалето во Лигата на шампионите кое се игра помеѓу Реал и Атлетико Мадрид, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА). Финалето од Лигат на шампионите е закажано за 28 мај на стадионот Сан Сиро во Милано. Клатенбург шест пати ја делеше правдата оваа сезона во натпреварите од најелитното европско натпреварување, вклучувајќи и два натпревари на Атлетико и еден на Реал Мадрид.
Овој 41-годишен Англичанец една недела порано ќе го суди и финалето во Фа купот во Англија кое се игра помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Кристал Палас. Швеѓанецот Јонас Ериксон е избран за главен судија во финалето од Лига Европа помеѓу Ливерпул и Севиља. Тој натпревар ќе се одигра на 18 мај во Базел.