Се бараат кандидати за повеќе судови низ Македонија
Судскиот совет распиша конкурс за четворица нови судии кои ќе бидат распоредени во по двајца во основниот суд во Скопје и по еден во Велес и Струмица, а исто така треба да биде пополнето и испразнето место во Апелациониот суд во Штип од областа на кривичното право. За Врховниот суд ќе се бараат тројца кандидати кои ќе бидат ангажирани за граѓанските процеси.
Новите судии ќе се изберат од редот на Академијата за судии и јавни обвинители за основните судови, додека пак за Врховниот и Апелациониот суд ќе се бараат веќе искусни кандидати од првостепените или второстепените судови, согласно законските одредби. Кандидатите што ги исполнуваат условите ќе полагаат психолошки тест и тест за интегритет.