Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОбјавени конечните резултати од Конкурсот за прием во ученичките домови

Објавени конечните резултати од Конкурсот за прием во ученичките домови

Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од првиот приемен рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

Од МОН наведуваат дека електронското пријавување е активно од вчера се додека има слободни места, за што Министерството за континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7 до 11 август годинава во Министерството за образование и наука.

Во соопштението додаваат дека резултатите за конкурсот за прием во Државените студентски домови ќе бидат достапни по завршувањето на конкурсот.

Подетални информации околу конкурсот има на фејсбук страницата на МОН, на телефонот: 02/ 3140 -147 или на следнaта електронска адреса: sadije.sefa@mon.gov.mk.