Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКои се македонски кандидати за Европскиот суд за човекови права

Кои се македонски кандидати за Европскиот суд за човекови права

Македонија треба да предложи нов кандидат кој ќе ја замени судијката Мирјана Лазарова Трајковска, чиј мандат во Европскиот суд за човекува права истекува кон крајот на годинава. На листата на потенцијални кандидати се најдоа јавниот обвинител Јован Илиевски, уставниот судија Наташа Габер-Дамјановска и амбасадорот на Република Македонија во Ватикан Звонимир Јанкуловски.

– Согласно постапката за избор на судија во ЕСЧП, Парламентарното cобрание на Советот на Европа ќе спроведе интервју со тројцата предложени кандидати на 30 септември 2016 година во регионалната канцеларија во Париз, по што ќе се произнесе со гласање во однос на изборот на судија од Република Македонија, стои во соопштението.

Листата e доставена од Постојаната мисија на Република Македонија во Стразбур до Секретаријатот на Советот на Европа.