Пронајдени две мртви тела во Прилеп со траги на насилство
Во Прилеп се пронајдени две мртви тела на различни локации без меѓусебна поврзаност. Во привиот случај станува збор за тело во распаѓање на маж кое е пронајдено случајно во близина на „Шинтерницата“ на ЈП Комунална хигиена, додека пак во вториот случај станува збор за мртва возрасна жена која е пронајдена во нејзиниот дом откако соседите пријавиле сомнежи. Жената имала траги на насилство и според првичните информации била мртва веќе десетина дена, па полицијата ќе треба да го расчисти случајот.