Ванхауте со луто маче ги искара политичарите на Twitter
Питер Ванхауте е гневен на пропаднатите маратонски преговори за медиумите и го објави досега најлутото „маче“ со порака македонските политичари да пораснат и да се потсетат што беше тоа демократија и дека компромисот и разумот се клучни при политичкиот процес. Тој им порача „Демократијата бара компромис, бара разумни луѓе, бара здрав разум, бара компетентни политичари, бара да се биде во служба на народот!“
Надеж дека може да се постигне договор се уште постои па затоа и сега не би барале вина во ниту една страна, но ова поглавје од „Пржино“ мора што побрзо да се заврши и потоа да се почне со темелно подобрување на состојбите во медиумите и вреднување на новинарската професија, што секако не зависи само од политичарите, туку и од публиката и од самите новинари.