Крадец од Ниш брзо фатен во Скопје од полицијата
Жител на Ниш во текот на новогодишната ноќ заедно со уште едно лице се обиделе да извршат повеќе кражби низ Скопје. Најпрво обиле стан на улица Париска во Скопје при што од женска чанта украле 1100 денари додека домаќините спиеле во спалната соба. Исто така земале машка јакна но, во не пронашле ништо и ја вратиле.
Незабележани продолжиле на соседниот стан но, не можеле да го обијат бидејќи сопственикот најверојатно го оставил клучот на вратата. Тој ги забележал и веднаш пријавил во полиција. Во Полициската станица Карпош извршен е разговор со пријавениот В.П кој го признал и појаснил начинот на ограбувањето, па ќе биде обвинет за кражба на дрзок начин.