Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосово: Уапсено лице кое повикувало на терористички напади за Велигден

Косово: Уапсено лице кое повикувало на терористички напади за Велигден

Жител на Пеќ е уапсен откако повикувал на тероритички напади во Косово, во пресрет на големиот христијански празник, Велигден – соопшти косовската полиција. Според косовските медими, уапсеното лице е Ракип Абдули по потекло од Опоја кај Драгаш. Тој последните денови јавно, преку социјалните мрежи повикувал на напади за време на велигденските празници. Абдули и претходно бил набљудуван од полицијата.

Косовската полиција пред два дена воведе посебни мерки за безбедност токму поради опасноста од евентуални терористички напади, а околу црквите и манастирите има 24 часовно полициско присуство. Работното време на косовските полицајци е продолжено до 12 часови дневно.
Премиерот Иса Мустафа завчера го свикал Националниот совет за безбедност на Косово поради „опасноста од евентуални терористички напади“, како и поради „полтичката криза во Косово, Албанија и Македонија“.

И американската Амбасада ги предупреди своите граѓани во Косово да бидат внимателни поради евентуални терористички напади за време на велигденските празници. Амбасадата на САД во Албанија, исто така, апелираше до своите граѓани во ова земја да бидат внимателни порад истите причини, а полицијата ги зајакна безбедносните мерки.