Натпис на Исламска држава се појави во Валона
На автобуската станица во приморскиот град Валона поставиле натпис на хартија на која се нацртани лик на џихадист, автоматска пушка и бомба и пишува: „ИСИС Алаху Егбер“. Засега сторителите се неидентификувани, а полицијата трага по нив.
Како што јави дописникот на МИА, албанската полиција потврди дека натписот бил поставен на еден киоск за продажба на весници и предизвикал паника кај граѓаните, кои веднаш ги известиле полицијците. Полицијата почнала истрага за откривање на сторителите.
Ова не е прв ваков случај во Албанија. Неодамна во Корча осамнаа рафити со големи букви на кои беше напишано: ИСИС, Алаху Агбар, Ал Каеда и АК-47.