Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНов земјотрес во Скопје со ист епицентар, граѓаните загрижени

Нов земјотрес во Скопје со ист епицентар, граѓаните загрижени

Во 15:10 во Скопје се почуствува нов земјотрес кој имаше речиси иста јачина, интензитет и должина како и утринскиот земјотрес во 6:57 часот што повторно ги исплаши граѓаните. Надлежните претходно информираа дека земјотресот бил со јачина од 3.9 степени според Рихтер, но бидејќи бил на длабочина од 2 километра се почуствувал многу посилно.

Сепак, граѓаните се загрижени од нови и зачестени потреси, па сигурно вечерва нема да се спие мирно. Најмногу загриженост има кај граѓаните кои живеаат во повисоки згради, а постарите жители паметат дека во 70-тите и 80-тите години кога сеќавањата од земјотресот во 63-та се уште биле свежи при вакви посилни потреси и не спиеле во становите.

Од сеизмилошката опсерваторија посочуваат дека овој земјотрес бил послаб бидејќи бил на поголема длабочина и укажуваат дека не е доволно силен за да предизвика оштетувања на куќи и згради, освен на стари објекти.