Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНепотребна паника во германска црква за Велигден

Непотребна паника во германска црква за Велигден

Околу 500 германци верници ги зафатило паника и започнале да бегаат од црквата Св. Томас Мор во Есен, Германија откако влегол човек со арапско потекло кој влегол и според сведоштвата чудно се однесувал.

Тој почнал да оди наоколу, поради шти верниците почнале да бегаат. Во еден момент нешто пукнало и настанала паника.  Околу 500 луѓе тргнале кон вратата и 2 жени се полесно повредени.

Неколку постари верници добиле лекарска помош поради претрпениот стрес. Сепак, муслиманот ниту бил вооружен, ниту имал експлозив со себе.