Македонија и Косово да соработуваат за безбедноста на регионот
АРМ предводена од началникот на Генералниот штаб генерал-потполковник Методија Величковски беше домаќин на Рахман Рама, командант на Косовските безбедносни сили, со цел да се продлабочи соработката во областа на одбраната и безбедноста.
Главните пораки кои беа упатени по денешната средба се можната соработка во областа на воената медицина и во кампот за обука на питомци. Рахман Рама исто така се сретна и со заменик министерот за одбрана Илми Селами.