Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБиХ извор на џихадисти и место за перење пари за потребите на тероризмот

БиХ извор на џихадисти и место за перење пари за потребите на тероризмот

БиХ извор на џихадисти. Босна и Херцеговина е четврта во светот според бројот на жители кои се приклучиле кон Исламска држава, објавија британските медиуми според кои оваа година 98 државјани на БиХ се приклучиле кон ИД. На петто место е Косово со 83 борци, а пред БиХ се Јордан, Тунис и Саудиска Арабија, додека меѓу земјите од Европската унија Белгија е водечка според бројот на припадниците на ИД.

– БиХ е означена како земја преку која се криумчари оружје, потврди министерот за безбедност Драган Мектиќ, кој до овие сознанија дошол по нападот во Париз. БиХ се споменува и како место за перење пари за потребите на терористите и покрај тоа што во оваа земја постојат закони за спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот.