Маж се разнесе со рачна бомба
Се разнесе маж во Беград. Доцна синоќа на Баново брдо, 42 – годишниот Г.И. се разнесе со рачна бомба. Мажот уште неколку минути по експлозијата бил жив. Според првичните информации, човекот не бил од овој дел на градот.
Очевидци тврдат дека пред да ја активира бомбата тој се приближил до едно дрво, со цел да спречи шрапнелите да не повредат некого во околината, а експлозијата го отфрлила неколку метри во далечина. Полицијата извршила увид. Мотивот за самоубиството се уште не е познат.