Денот на народното востание ќе се празнува со свечена академија
Денес во Македонскиот народен театар со почеток во 13 часот ќе се одржи Свечена академија по повод 11 oктомври – Ден на народното востание.
Академијата е под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски а поканети се државниот врв на Република Македонија, министри, пратеници на Собранието на Република Македонија, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.