Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ го победи Федерер во финалето на УС Опен

Ѓоковиќ го победи Федерер во финалето на УС Опен

Новак Ѓоковиќ ја освои својата јубилејна 10та Грен Слем титула откако во финалето на УС Опен го победи Рожер Федерер со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:4, 6:4).

Поради дождот натпреварот започна со доцнење од 3 часа, но чекањето вредеше бидејќи тенисерите одиграа врвен натпревар. Натпреварот беше доста изедначен, но поголемата концентрација веројатно го пресуди победникот. Новак искористи 6 од 13 брејк топки, додека Рожер имаше 23, но искористи само 4. Со оваа победа Ѓоковиќ успеа да се изедначи и во меѓусебниот скор со Федерер на 21:21 во сите натпреварувања.

Ѓоковиќ прв пат во кариерата во една година играше во сите четири Гренслем финалиња, но освои три, како и во 2011 година.