Гратис автобуско возење во Романија за сите патници што читаат книга
Неочекуван предлог од едно момче прераснало во реалност. Виктор Мирон од Романија му предложил на градоначалникот Емил Бок да воведе бесплатно возење за сите што читаат книга во автобус, со што би се поттикнале луѓето да читаат што повеќе кога го користат јавниот превоз.
Bored Panda пишува дека предлогот бил поднесен минатата година, а усвоен во јуни годинава кога во текот на неколку дена патниците со книга в раце можеле бесплатно да се возат во градот Клуј Напока,.
Ова момче се залага и за други кампањи во кои го промовира читањето, како што е на пример неговиот проект Bookface, каде луѓето кои за профилни фотографии имаат ставено книга добиваат најразлични попусти во продавници за книги, за храна, во фризерски салони па дури и на забар.