Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗа еден месец во Романија осудени 71 лица за корупција

За еден месец во Романија осудени 71 лица за корупција

Седумдесет и еден обвинети биле осудени конечно за корупција во Романија во месец март во случаите на кои работела Националната дирекција за борба против корупцијата (НДБК), пријави денес весникот „Куриерул национал“, цитиран од агенциите.

Меѓу нив има двајца судии, двајца менаџери на здравствени установи, претставници на локалните власти и други.

„Во текот на месец март на случаите на корупција, по кои работи НДБК, беа потврдени како конечни 32 пресуди, со кои беа осудени 71 обвинети“, се наведува во соопштението на НДБК.

Наметнатите од судот казни се движат од една година условно до девет години затвор.