Избирачкиот список да се формира со активна регистрација
Работните групи на политичките партии решија да го разгледаат предлогот на невладината асоцијација МОСТ за прочистување на гласачкиот список преку активна регистрација на гласачите со што ќе се добие точна евиденција на гласачкото тело во Македонија.
Ова е само идеја која се уште се разгледува, а од МОСТ изјавија дека се подготвени да се вклучат во процесот со својата експертиза. За точен список ќе биде потребна задолжителна регистрација, како на пример во американскиот избирачки систем, но доколку сите не вклучат тоа може да значи и губење на избирачкото право бидејќи ќе ги нема во официјалната евиденција, а до изборите има седум месеци.