Видео: Четири лица повредени во судар на три возила
Четири лица се повредени при судар на три патнички возила на делницата од патот од Пожега кон Ужице – известува српски Курир. Од силината на ударот едно возило заврши во заштитната ограда, додека материјалната штета на двата автомобили е речиси тотална. Третото возило марка „цитроен“ помина со помало оштетување.
Информации за состојбата на повредените, како и за причините за несреќата ќе дознеме по увидот.