Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери: Обвинителството да ги казни насилниците кои упаднаа во Собрание

Џафери: Обвинителството да ги казни насилниците кои упаднаа во Собрание

Министерот за правда Валдет Џафери го повика Јавното обвинителство да не ја попречува истрагата за настаните од 27 април во Собранието и да обезбеди целосна и транспарентна истрага на случајот. Џафери изјави дека не треба да се делува со двојни стандарди, и дека сите случаи со криминал ќе бидат осудени исто.

„Обвинителството треба да работи без надворешни влијанија, да се потпре на Законот за кривична постапка и на Кривичниот законик и согласно Законот и Кривичниот законик да ги санкционира сите оние коишто извршија насилство врз пратениците, сите оние коишто ги нападнаа пратениците на Македонија и највисоката институција во земјата. Воедно, сакам да го констатирам фактот кој е неспорен, односно моментот на напаѓачите во случајот „Монструм“ и моментот на напаѓачите на највисокиот законодавен дом. Во двата случаи демонстрантите добија сосема различни казни, односно демонстрантите против случајот „Монструм“ добија остри казни, а во меѓувреме, Обвинителството на индиректен начин, се обидува да не ги приведе вистинските лица коишто извршија насилство“ – изјави министерот Џафери