Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија20 милиони евра за развој на прекугранична соработка со Грција

20 милиони евра за развој на прекугранична соработка со Грција

За развој на прекуграничната соработка од програмата ИПА на ЕУ на македонските претприемачи, државни и локални институции, невладини организации, научни и културни установи на располагање им се околу 20 милиони евра.

„Првиот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Македонија за периодот 2014-2020 е објавен на 7 декември 2015 и ќе биде отворен до 15 март. Во рамките на овој повик, на располагање стојат 20,5 милиони евра за финансирање на проекти од двете страни, а за целиот програмски период вкупно 45,5 милиони евра. Проектите треба да се однесуваат на една од четирите области- Промовирање на вработеноста, мобилност на работната сила, социјално и културно вклучување во прекуграничната област, заштита на животната средина и промоција на прилагодувањето, намалувањето, спречувањето и управувањето со ризиците од климатските промени, промовирање на одржлив транспорт и подобрување на патната инфраструктура, како и поттикнување на туризмот и културното и природно наследство, посочи заменик министерот Пренџов при посетата на општина Новаци.

Можноста за развој на соработката со грчките општини досега не е целосно искористен и од Министерството за земјоделие посочија дека посакуваат во поголем обем да се аплицира за средствата кои се на располагање со соодветни проекти.