Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисВидео: Ѓоковиќ се пожали – некој пуши марихуана, ми се врти во глава

Видео: Ѓоковиќ се пожали – некој пуши марихуана, ми се врти во глава

Новак Ѓоковиќ за време на натпреварот со Жереми Шарди му пријде на судијата и го праша дали чувствува некој чуден мирис на трибините.

„Некој на трибините пуши трева, се чувствува тоа. Ми се врти во глава од тој мирис“, се пожали српскиот тенисер.

Во полуфиналето од турнирот во Монтреал, Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Жереми Шарди и заслужено се пласираше во финалето, каде за противник ќе го има Британецот Енди Мареј. А за инцидентот со марихуаната, тој за српските медиуми изјави: „Не може да поверувате колку беше тоа навистина лошо. Кој и да беше, тој беше под јаки дејствија на марихуана, и се надевам дека тој нема да биде присутен на финалето, мирисот беше ужасно непријатен, воопшто не уживав во тие моменти“.