Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот му го „скочани“ имотот на Сеад

Судот му го „скочани“ имотот на Сеад

По поднесеното барање на СЈО, судија на претхода постапка од Основен суд донел решение за замврзнување на имотот кој е во целосна или доминантна сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“.

Според неофицијални информации, судот се уште писмено не го известил Кочан, но го информирале Специјалното јавно обвинителство дека барањето им е уважено. Со решението на судот, ќе се блокираат сметките на компанијата „Трансмет“ и телевизија „Нова“, како и други фирми на Кочан.

За Сеад Кочан е донесено решение за притвор, но тој неколку дена претходно заминал на „службен пат“ и повеќе од два месеци е недостапен за органите на прогонот.