Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗоолошката градина во Скопје доби морски лавови

Зоолошката градина во Скопје доби морски лавови

Во текот на вчерашниот ден Скопската зоолошка градина доби двојка морски лавови како нови жители кои пристигнаа од Загреб.

Нивното ново живеалиште се протега на околу 200 метри квадратни со базен од 350 метри кубни од каде има глетка за посетителите кои ќе можат да ги видат живтоните и кога ќе пливаат под вода.

Ова нивно ново живеалиште е всушност реконструкција на место каде што пред 10-12 години живееле морски лавови. Двајца зоо-негуватели кои имаа обука во Загреб и веќе се запознаа со двојката ќе бидат задолжени да водат грижа за нив.

Во знак на благодарност Скопската зоолошка градина за возврат на зоолошката градина во Загреб ќе и испрати два белоглави орли.