Thursday, Apr 25, 2024
HomeИздвојувамеФото: Учесниците на специјалната олимпијада и Позитив.мк ги пречекаа морските лавови

Фото: Учесниците на специјалната олимпијада и Позитив.мк ги пречекаа морските лавови

Учесниците на специјалната олипијада во Лос Анџелес и учесниците на средношколската меѓународна олимпијада по хемија во Баку, денеска ја имаа честа први да ги видат морските лавови кои пристигнаа од Загреб. Дружењето го оргнизираше државната видео лотарија, која беше и покровител на нашите олимпијци, а ги почастија и со карти за долгоочекуваниот натпревар помеѓу Македонија и Шпанија.
fokinovРаководството на државна видео лотарија ги пофали нашите олимпијци за освоените медали, а тие го раскажаа искуството од Лос Анџелес и Баку. Координаторот на младите хемичари ја потенцираше потребата од инвестирање во науката, бидејќи без соодветни лаборатории и средства за истражување не може да се дојде до голем успех.
Потоа им посакавме добредојде на морските лавови.
foki2novНивното живеалиште изгледа удобно за нив, со дел од кој посетителите можат да ги гледаат под вода. Нивниот чувар кој дојде со нив од Загреб и двајца наши обучени чувари покажаа неколку трикови. Морските лавови се дружељубиви и лесно ги разбираат задачите зададени од чуварите. Дури и ги бакнуваат.
foki11nov

foki9nov

foki4nov foki15nov

foki7nov

foki1nov

foki5nov
foki13nov

foki3nov