Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЖенска трка во Градски парк

Женска трка во Градски парк

Станува збор за трка која од година во година се здобива со се поголема популарност и бројот на жени кои се пријавени да учествуваат е се поголем. Трката оваа година ќе се одржи на 10-ти април, недела. Се очекува учество од 1000 жени кои ќе ги заземат стартните позиции и ќе започнат со трката. Почетокот е закажан во 10 часот во Гратски парк во Скопје кај Школка.

Пријавувањето се одвива на zenskatrka.skopskimaraton.com.mk.На 10-ти април во 10:00 часот е планирано групно загревање со аеробик, а од 10:30 започнува трката. Ќе се трчаат 2.000 метри, т.е. еден круг во парк. Секоја учесничка ќдобие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории.Секоја учесничка на Женска трка со стартен број учествува во лотарија која ќе се одржи по завршувањето на трката со која ќе се доделат награди од спонзорите.

Подигнување на стартни броеви: 08.04. (петок) од 11-19 часот и 09.04 (сабота) од 11-16 часот во Скопје Сити Мол.

Женската трка која што е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје,  оваа година  е влезена во календарот на Европксата Атлетска Федерација.