Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖбогар: Не сум загрижен со конкретната имплементација на планот „3-6-9“

Жбогар: Не сум загрижен со конкретната имплементација на планот „3-6-9“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Струга изрази оптимизам во однос на имплементацијата на реформскиот владин план „3-6-9“.

– Од сите страни слушаме заложби и посветеност, од страна на државните институции на Владата и Собранието, дека тие се посветени да ги направат сите промени поврзани со законските решенија. Јас во моментот не сум загрижен со конкретната имплементација на планот „3-6-9“, особено затоа што проблемот никогаш не бил во врска со усвојување на новата легислативата, туку секогаш бил во имплементација на легислативата – изјави Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање за владиниот реформски план.

Во однос на работата на Собранието, тој кратко одговори дека засега законодавниот дом добро си ја врши својата работа.