Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗголемување на пазарната вработливост со нова програма

Зголемување на пазарната вработливост со нова програма

Директорката на центарот за стручно образование и обука (ЦСОО), г-ѓа Ајше Селмани и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), г-ѓа Розанди Лоу потпишаа меморандум за разбирање за партнерството помеѓу Програмата и Центарот во наредните четири години. Меморандумот се однесува на соработката при воведувањето на нови наставни програми согласно потребите на пазарот на труд и потребата за зајакнување на врските помеѓу приватниот сектор и стручното образование во трите области во кои работи програмата: туризам и угостителство, зелена економија и креативни индустрии.

Партнерството помеѓу ИМЕ програмата и ЦСОО е насочено кон поддршка на системот за стручно образование за зајакнување на вештините и квалификациите на учениците, согласно потребите на пазарот на труд, подобрување на нивните можности за вработување и зголемување на нивните претприемачки вештини. Исто така, заедничката соработка ќе се однесува на развивање на капацитетите на наставниците и стручните соработнициза остварување на ефективна соработка со приватниот сектор, подобрување на координацијата меѓу сите чинители и создавање на култура на родова еднаквост како важни аспекти интегрирани во активностите на ИМЕ програма.

DSC_2704

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од  водечкиот партнер Swisscontact,  во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Првата фаза од програмата се имплементира од 2015 до 2019 и е со буџет од 6.25 милиони швајцарски франци.

Очекуваните клучни резултати од програмата се, во период од 4 години, да се создадат повеќе од 2,000 директни или индиректни работни места и да се зголеми нето приходот на повеќе од 1,000 мали и средни претпријатија  за 1.5 милиони евра.