Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруби: Резултатите во Собранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името

Груби: Резултатите во Собранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името

Изјавата на Артан Груби, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиска дебата дека сега е добра шанса за менување на името на државата, предизвика лавина реакции.

Некои го сфаќаат како директна реализација на албанската платформа, други како обид на албанската заедница да изврши притисок и повеќе да не чека за евроатлантската интеграција каде е јасно дека има само една голема пречка.

„Сите што сме тука знаеме, и не само ние, и Вашингтон и Брисел, знаеме дека ако Мaкедонија не го смени името во согласност со барањата на Атина, не може да направи вистински чекор кон ЕУ и кон НАТО. Името не може да го промени ниту ДУИ, ниту БЕСА, ниту пак ВМРО сами или пак СДСМ сами. За името треба сите заедно да постигнеме консензус и можеби ова е една добра можност, овие резултати во Собранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името“, изјави Груби за косовската телевизија КТВ.

Овие резултати во Сoбранието можат да овозможат решение за  заокружување на спорот со името, вели Груби.