Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗастрелан маж на аеродромот Орли, патниците евакуирани

Застрелан маж на аеродромот Орли, патниците евакуирани

Еден човек е убиен откако зграбил пиштол на припадник на безбедносните сили на аеродромот Орли во Париз, соопштија денеска француските власти.

Инцидентот се случил околу осум часот и 30 минути во јужниот терминал на аеродромот. Напаѓачот дејствувал сам, се фрлил кон воената патрола и се обидел да му го одземе оружјето на еден од војниците, по што се засолнил во една продавница на аеродромот, пред да биде застрелан, објасни портпаролот на француското Министерството за внатрешни работи, Пјер-Хенри Бранде.

– Во тек е полициска акција – истакна Бранде, апелирајќи граѓаните да ги следат инструкциите.

Аеродромот, втор по големина во Париз, бил евакуиран. Француската полиција на Твитер соопшти дека во тек е безбедносна опорација и ги повика луѓето да ја избегнат оваа област.