Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗапленети 134 килограми марихуана во автомобил на косовско семејство

Запленети 134 килограми марихуана во автомобил на косовско семејство

Италијанската полиција уапси 55-годишен Косовец откако во неговиот автомобил биле пронајдени 134 килограми марихуана, спакувана во 251 пакетче.

Косовецот бил откриен по излезот од траектот, во пристанишниот град Бари кој заедно со сопругата и двете малолетни деца допатувал од Албанија. Полицијата го претресла автомобилот откако приметила дека од него тече гориво, па така се открила запленетата дрога за која и се смета дека е натоварена од Албанија.