Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗапалено возило во Охрид

Запалено возило во Охрид

Охридската полиција трага по сторител кој ноќеска, околу 1 часот, запалил автомобил, марка „голф“, на улицата Климентов универзитет во градот, соопштија од Секторот за внатреши работи Охрид.

„Од увидот на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, покривот и задниот лев трепкач“, стои во соопштението.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.