Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев се охрабри и ги предаде „бомбите“ на СЈО

Заев се охрабри и ги предаде „бомбите“ на СЈО

Зоран Заев на неколку наврати одбиваше да ги предаде материјалите од нелегално прислушкуваните разговори со изговори дека СЈО нема адекватни услови за да ги чува, но откако сфати дека предизвикува политичка штета со кочење на овој процес конечно се одважи и го испочитува договореното од Пржино.

„Верувам во независноста на Специјалното јавно обвинителство. И јас сум обвинет во еден од предметите и сум еден од граѓаните што бара правда. Се надевам дека по судски пат вистината ќе излезе на виделина, и за „Пуч“, и за другите случаи“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ појасни дека лично се уверил дека специјалното обвинителство ги има создадено сите услови за чување на материјалите каде има многу сензитивни и приватни разговори, покрај разговорите на функционерите за наводни нерегуларности.