Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Отсуството на Ахмети беше смислено, не очекувавме вакво насилство

Заев: Отсуството на Ахмети беше смислено, не очекувавме вакво насилство

Зоран Заев на денешната прес конференција на новинарско прашање посочи дека отсуството на лидерот на ДУИ Али Ахмети од гласањето на новиот парламентарен спикер Талат Џафери било смислено и координирано и дел од нивната стратегија, но на новинарите им рече сами да извлечат заклучот зошто е тоа така.

Заев дополни и дека свесни биле за ризикот да се гласа новиот претседател на Собранието додека надвор се одвиваат протестите, но не се надевале дека до толку ќе има излив на насилство со координиран и осмислени напади чија цел била да се ликвидираат пратениците.

– Тоа не е резултат на лути поединци, туку на остатоци на режимот кој врши насилство во земјата. Во периодот што следува мора да покажеме дека сме зрели како луѓе и држава, да застанеме зад вистинските демократски вредности. Не смее да потпаднеме на провокациите, да останеме мирни и присебни, сите вработени во институциите да ги разберат нивните должности. Ќе ја водам оваа земја затоа што верувам во се за што се залагаме. Направен е првиот чекор, имаме работа со пресметливи луѓе, зад нас се САД, ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, во нас го гледаат напредокот и мирот во Република Македонија.