Sunday, May 12, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Ние ѝ требаме на ЕУ, затоа се заинтересирани во случувањата во Македонија

Заев: Ние ѝ требаме на ЕУ, затоа се заинтересирани во случувањата во Македонија

Евроинтеграциите и влезот во НАТО ќе биде приоритет на новата реформска Влада – порача лидерот на СДСМ и потенцијален мандатар, Зоран Заев. Во интервју за ТВ 21, тој порача дека од економски, географски и стратешки причини влезот на Македонија во ЕУ ќе биде од големо значење и за самата унија.

„Ние ѝ требаме на ЕУ, затоа тие се заинтересирани за случувањата во Македонија. По Брегзитот, Европа има една цел, а тоа е да продолжи да се шири, а новата Влада ќе се залага за Македонија да се врати на патот на евроинтеграциите. Од тоа нема да имаме бенефит само ние, туку и Европа, затоа тие на секој можен начин ни помагаат за да си ја вратиме демократијата, која во последниве години беше запоставена, поради тоа шо ЕУ се посвети на зачувување на мирот и стабилноста во земјава“ – изјави Заев.