Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев на распит во ОЈО

Заев на распит во ОЈО

Претседателот на Социјал-демократскиот сојуз, Зоран Заев, денеска во 12 часот, треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство.

Обвинителството го товари Заев, заедно со други лица на раководни позиции во партијата, за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Во предистражната постапка сослушани биле над 70 сведоци, за настани од изборите во 2014 и декември 2016 година.

Во исто време постапки за изборен фалсификат и нерегуларности, СЈО води против поранешната министерка за внатрешни равботи Гордана Јанкулоска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

За нив во „бомбите“ на опозицијата беше објавено дека поткупуваат и заплашуваат гласачи, злоупотребуваат и деца од дом, со сила носат лица на гласање, го организираат гласањето на жители на Пустец и отвораат доверлив изборен материјал.