Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев на Генерално собрание на ОН во Њујорк – ќе се сретне со Трамп, Гутереш, Могерини и Туск

Заев на Генерално собрание на ОН во Њујорк – ќе се сретне со Трамп, Гутереш, Могерини и Туск

Премиерот Зоран Заев од вчера до 23 септември ќе присуствува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, САД, соопшти владината прес-служба.

Во составот на делегацијата предводена од Заев, ќе бидат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Премиерот ќе присуствува на отворањето на работата на Генералното собрание на ОН и ќе има обраќање на конференцијата на тема „Отворена влада“, со која ќе претседава претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Премиерот, според агендата, ќе има работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и други билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка и на Малта, како и со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Заев ќе има средби и со претставниците на македонската дијаспора во САД, како и со американски бизнисмени.