Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Изборите беа фер и демократски – Груевски да ги признае изборите

Заев: Изборите беа фер и демократски – Груевски да ги признае изборите

Ова е голема победа на граѓаните на Македонија и им го честитам овој голем празник на демократијата, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев додавајќи дека изборите биле фер и демократски.

Заев рече дека резултатот бил очекуван нив, за опозицијата, но и за граѓаните. Тој истакна дека не смее да има еуфорија, односно дека „прославите завршуваат вечерва, од утре продолжуваат со работа“.

Тој исто така ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја ревидира својата одлука за непризнавање на изборите и да работи во интерес на граѓаните. Тој ја отфрли можноста за организирање предвремени парламентарни избори.

– Ги разбирам овие емоционалните моменти на нашиот опонент, но се надевам дека ќе ги стават интересите на граѓаните во прв план. Што да ви кажам. Бараат СЈО. Го разбирам чувството на поразениот. Граѓаните ја потврдија поддршката и за централната и за локалната власт. Уште сега се знаат какви би биле резултатите од предвремените избори. Еуфоријата по изборите и спремање на нови избори беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ – рече Заев.

Прашан што ако власта го изгуби мнозинството во Парламентот, тој рече оти очекува дека мнозинството ќе продолжи да расте.

– Парламентарното мнозинство ќе расте, тоа не значи дека ќе има преминување од една партијата во друга, но поддршката за перспективите на Македонија сигурно ќе расте – истакна Заев.