Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Го повикувам Груевски на јавна дебата за да престане да ја лаже јавноста

Заев: Го повикувам Груевски на јавна дебата за да престане да ја лаже јавноста

Зоран Заев по долго време гостин на Канал 5. Уште на самиот почеток го повика Никола Груевски да излезе на јавна дебата на телевизија со национална концесија и со многу новинари, за да се соочат фатктите и да се дознае вистината. Тој неколкупати повтори дека кога сака Груевски тогаш ќе се оддржи дебатата која недостигаше во изминативе 10 години.

Лидерот на СДСМ рече и дека Иванов изврши државен удар со одлуката да не му го даде мандатот. Заев верува дека утре ќе биде избран претседател на Собранието и тука нема дилеми.

„Ќе дадам се од себе, на никој да не му фали влакно од глава. Дајте да ги средиме работите, да размислуваме со ладни глави и да го средиме живото на граѓаните“ – рече Заев.

Заев разговарал со Тврдокорните и рече дека токму затоа излегол со програма на Влада, за да ги увери граѓаните на Македонија дека државата нема да се распадне и дека нејзината унитарност ќе се зацврсти.