Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев е подготвен да се сретне со Иванов и да му ја гарантира унитарноста

Заев е подготвен да се сретне со Иванов и да му ја гарантира унитарноста

Постојат можности до крајот на месецот да биде формирана новата влада, согласно роковите, но зависи од одлуката на Ѓорге Иванов како и од техничката подготвеност на Собранието, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средба со претставници на ОБСЕ во „Холидеј Ин“.

Тој додаде дека е подготвен да се сретне со Иванов и да му ја гарантира унитарноста и сувереноста на државата. Заев исто така рече дека на средбата побарале ОБСЕ да се вклучи и да помогне во идните процеси на државата.

– Јас верувам дека ОБСЕ може да бидат од голема помош пред се во реформите што претстојат државните институции, правосудството, во тајните служби, во МВР, па дури и реформите во медиумите и тие може да бидат од голема помош во стабилизација на земјата, функционирање на институциите и гаранција дека никогаш повеќе нема да се случат вакви настани – изјави лидерот на СДСМ.