Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев е најверојатно повреден, тотален хаос во Собрание

Заев е најверојатно повреден, тотален хаос во Собрание

Последните информации кои пристигнуваат од Собранието е дека Зоран Заев лидерот на СДСМ е најверојатно меѓу повредените, меѓутоа нема официјална потврда.

Овој инцидент доаѓа откако маскирани напаѓачи влегоа и во заштитната зона каде мал број на агенти на собраниското обезбедување во цивил се обидуваа да ги заштитат пратениците. Повреден е и пратеникот Максим Димитријевски. Еден агент испукал предупредувачки истрел од пиштол во воздух.