Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЗабранет турбо фолкот во една бугарска општина!

Забранет турбо фолкот во една бугарска општина!

Претседателот на западната бугарска општина Копривиштица, Генчо Герданов, забрани пуштање на новокомпонирана фолк музика за време на траење на Националниот совет на бугарско народно творештво.

„Мислим дека нема ништо пологично од тоа“, рече Герданов.

Казната за напочитување на одлуката изнесува од 25 до 50 евра.

Собирот на бугарско народно творештво почнува на 7 август, а на него ќе учествуваат 12.000 учесници.