Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа само три дена казнети 158 македонски возачи

За само три дена казнети 158 македонски возачи

Викендов во Македонија казна добиле 99 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината, 18 возачи поминале на црвено светло на семафор, а деветмина поради управување со возилото во пијана состојба поточно под дејство на алкохол. Санкција имало и за 32 возачи кои не го користеле сигурносниот појас за време на патување или пак го користеле мобилниот телефон додека управувале со возилото.

PSOOBRОд МВР соопштуваат дека викендот бил доста напорен, каде што сообраќајната поиција казнила 158 возачи, а „пајакот“ отсранил 96 возила што во секој случај е голема бројка. Во текот на петокот, саботата и неделата со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети дури 96 возила кои го попречиле одвивањето на сообраќајот.

Инаку, МВР соопшти уште една битна иформација, а тоа е дека во текот на изминативе три дена, на подрачјето на Скопје се случиле 27 сообраќајни незгоди што покажува дека сообраќајот во нашата Република и не е баш во најдобро светло.