Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа лицето кое нападна волонтер во Сингелиќ поднесена пријава

За лицето кое нападна волонтер во Сингелиќ поднесена пријава

Против скопјанецот Хајрадин Сулиш е поднесена прекрошочна пријава поднесена од МВР кој пред два дена нападна волонтер во Сингелиќ. Тој го нападна волонтерот Маркоски откако го критикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и задоцнетата реакција на државните институции во поплавеното место .

Од МВР соопштија дека нападниот волонтер, Гоце Маркоски, инаку член на партијата Левица, го пријавил случајот во полиција, по што на напаѓачот му бил издаден записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекрошиците против јавниот ред и мир. Според членот 12 од Законот паричната казна за овој вид на прекршок изнесува од 600 до 800 евра.

Инцидентот во Сингелиќ настана, откако Маркоски почнал да го критикува експремиерот, по што Сулиш со тупаници се нафрли врз волонтерот. Од владејачката партија демантираа дека напаѓачот е нивни член, придружник на Груевски или дел од неговото обезбедување, а исто така обвинија дека Маркоски бил провокатор испратен од опозицијата.