Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗа 10 дена 4 македонски возила оштетени во Грција

За 10 дена 4 македонски возила оштетени во Грција

Македонските граѓани кои ја посетуваат Грција и понатаму се соочуваат со вандалски чинови на оштетување на нивните возила, особено на регистарските таблички со означи МК. Еден возач од Охрид пријавил во Калитеа дека на возилото марка Цитроен со остар предмет му биле изгребани двете страни од преден до заден фар и бил оштетен знакот МК.

vozila grcija

Останатите инциденти на возила од Скопје, Куманово и Кочани не се пријавени во Грција, туку откако ја преминале границата на македонска страна. На лицето З.И. во местото Сарти, со црн и црвен спреј му била обоена шофершајбната и двете регистарски таблички.