Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВучиќ жали за жртвите и најави помош од Србија

Вучиќ жали за жртвите и најави помош од Србија

Српскиот премиер Александар Вучиќ изрази сочуство за сите жртви во вчерашното страшно невреме и најави дека Србија ќе му помогне на братскиот македонски народ.

– Многу не потресе веста за големото невреме кое го погоди Скопје и вое настрадаа голем број на луѓе. Во име на Владата на Република Србија и во свое име на семејствата и блиските на загинатите, како и на Вашата Влада изразувам најдлабоко сочуство, соопшти Вучиќ.