Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ: Со вакви резултати не може да има немири

Вучиќ: Со вакви резултати не може да има немири

„Освоивме над 2 милиони гласови“ – се обрати Александар Вучиќ, прв пат од новата претседателска функција. Тој се заблагодари на сите свои соработници и им честиташе на своите противници. Тој истакна дека не победил со фашизам, туку со напорна работа. Рече дека е горд што Србите се однесувале цивилизирано и не направиле немири на денешните избори. Со вакви резултати не може да има немири – рече Вучиќ. Му честиташе на досегашниот претседател Томислав Николиќ за неговата напорна работа и рече дека луѓето сакаат да одат напред.

„Владата која допрва треба да се формира ќе ја добие моата поддршка“ – рече Вучиќ. Тој додаде дека луѓето ќе го добијат покачувањето на пензиите и покачувањето на платите. Се пофали дека Србија во првите три месеци има 7 милиони суфицит во трезорот и ги повтори своите предизборни ветувања.

Едвај ги чекам резултатите од Косово – додаде Вучиќ, но и без тие гласови нашата победа е убедлива.

Вучиќ уште еднаш се заблагодари на сите кои му честитаа, меѓу кои и странските дипломати колегите од останатите држави. Особено е благодарен на Меркел и Путин. Тој на новинарско прашање рече дека е неговата Српска напредна партија е една од најголемите партии во Европа, а убедливо наголема на Балканот.

Тој кажа дека неговите претседателски потези ќе бидат во насока на стабилизација и мир во регионот.