Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураВториот поетски караван посветен на поетите великани

Вториот поетски караван посветен на поетите великани

Друштвото на писатели на Македонија ќе го продолжи поетскиот караван со вториот циклус кој ќе биде посветен на основоположниците на современата македонска поезија како што се Блаже Конески, Ацо Караманов, Гане Тодоровски и Анте Поповски. Нивните легендарни дела ќе бидат претставени пред читателите во повеќе градови и општини низ републиката.