Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураАтвуд: Преведувајте ја вашата поезија низ светот

Атвуд: Преведувајте ја вашата поезија низ светот

Годинашната добитничка на „Златниот венец“ на 55 то издание на Струшките вечери на поезијата, Маргарет Атвуд, врвно име во книжевноста во светски рамки, смета дека во малите држави поезијата е многу поважна отколку во големите издавачки империи. „Охрабрувачки е што посветувате толку големо внимание на поезијата, која често е потцената во однос на прозата. Во помалите земји поезијата е многу поважна отколку во големите земји каде што има издавачки империи“, изјави Атвуд.
atvud struga
Атвуд нагласи дека е многу важно писателите да си најмат преведувачи и агенти кои ќе ја шират македонската литература низ светот, за и македонското творештво да застане на позавидно место во светската книжевна мапа. Канадската писателка вчера засади дрво во Паркот на поезијата во Струга. Таа рече дека во кусиот период колку што е во Струга и во Македонија е одушевена од топлиот пречек и од пријатните разговори со луѓето, така што планира да остане и по затворањето на фестивалот за да ја истражи земјата во која престојува.